„Санрајс“ – Училиште за странски јазици- Охрид
Драго ни е што САНРАЈС влегува во 22- та година од своето постоење и се’ уште функционира со истиот ентузијазам,а сепак поголемо искуство во работата и изучувањето на странските јазици.
Обучивме многу генерации,од најмладите( пред-училишни )возрасти па се до повозрасните.
Горди сме што нашето училиште стана бренд,не само во нашиот град туку и пошироко кога се работи за јазиците,за што сведочат и бројните ученици од други градови на нашата држава,како и низа странски ученици..И секако она по што тоа е препознатливо е големата професионалност и љубов кон работата, како и современите,а сепак уникатни методи и принципи.
Би сакала да истакнам дека програмата во САНРАЈС ги следи најсовремените светски јазични методи на работа што значи во САНРАЈС особено се нуди курсната настава за постигнување понапредни нивоа, а тоа нашите ученици одлично го постигнуваат.Секако не ги забораваме и оние кои имаат потешкотии во совладувањето на јазиците по школските програми.
Убаво е да се види колку се амбициозни и желни за знаење учениците,а тоа кај нас неизбежно го добиваат.
Сепак би сакала да апелирам до помладите генерации со особено внимание да се посветат на изучување на АКАДЕМСКИОТ РЕГИСТЕР на јазикот кој го изучуваат затоа што нивната професионална животна определба ќе зависи од нивото на познавање на истиот.
Да бидам поконкретна,се’ повеќе стануваат барани и популарни испитите за стекнување на меѓународни сертификати. Со солидно познавање на формалниот, а не уличниот говорен јазик ќе се обезбеди виза за многу професионални усовршувања,тргнувајќи од размена на студенти,добивање стипендии,па се до атрактивни работни места. Овие генерации имаат можности,се’ што треба е да бидат мудри и со знаење и работа да ги искористат.
Васе Битракова – Христова, сопственик и професор во Училиштето за странски јазици „Санрајс“ – Охрид.
Публицитет.мк