„Beach Bar Lagadin 10.5“ во туристичката населба Лагадин веќе е отворена за посетителите.
Без сомнение оваа плажа летово ќе биде хит меѓу туристите. За тоа да биде така ги имаме сите предуслови, велат менаџерите на овој локал на отворено. –Имаме сопствен паркинг, лежалки и чадори, бисерна плажа и чиста езерска вода. За сонце и високи температури не се соменваме – најверојатно ќе го има доволно.
Плажата е надвор од градот и до ена освен со сопствен превоз може да се стигне и со автобус или такси.
За да уживате во летото, сонцето, сончањето и капењето и да не мрднете ни чекор лево и десно оттука, на шанкот ќе ве разладат со редица пијалаци, а покрај снедвичи и тостови има и пица и автентичното охридско, рибно – плашицата како специјалитет.
Време е за плажа, која друга ако не „Beach Bar Lagadin 10.5“ во туристичката населба Лагадин.
Лежалките, водата и добрата забава се создадени за Вас!
Публицитет.мк