Теaтарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија Драгана Таневска повторно на репертоарот ќе биде изведена в петок на 15 октомври.
Претставата ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
Играат:Гејб – Ивица Цонев,Џуди – Елизабета Стефановска,Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски.
Сценографи се Борис Далчев и Ванчо Василев, костимограф е Ванчо Василев, а инспициент е Филип Ангеличин – Жура.
Светло – Борис Велјаноски
„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарницата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.
Претставата ќе се одржи согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18-годишна возраст.
Публицитет.мк