Би сакале да ја известиме јавноста дека јавна расправа за предлoг-измените на планот за управување со националнипт парк Галичица за периодот од 2011-2020 е закажана за 4 јануари.
Ова се коси со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за УРЕДНО консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес.
Драги граѓани, на прагот сме да изгубиме три наципнални природни богатства со еден замав.
Новите измени во Планот за управување со Националнипт Парк Галичица подразбираат отстранување на досегашнипт степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина со цел изградба на ски-центар, експресен пат и туристичко-развојни зони на брегот на Охридското Езеро.
Овие огромни градежни зафати во срцето на Галичица се закануваат да го уништат уникатниот биодиверзитет на Галичица, а домашни и странски експерти во повеќе наврати потврдија дека уништувањето на планината би значелои бавно уништување на Охридското и Преспанското Езеро – две одтрите природни езера во Република Македонија.
И за се ова се одлучува без да се земе во предвид мислеоето на граѓаните! Би сакале да потсетиме дека граѓанската иницијатива Охрид SOS заедно со повеќе граѓански организации зеде учество на јавната расправа која се оддржа на 11.09.2015 во просториите на ЈУНП Галичица, а на 28.09.2015 испративме и свои коментари кон ревидираната стратегиска оценка на животната средина за предлпг- измените во Планот за управување со Националниот парк Галичица .
До денес, 30 Декември 2015, ние немаме добиено никаков одговор од надлежните институции. Па сакаме јавно да прашаме дали можноста за коментари од страна на граѓаните е само сурова шега на наша сметка? Дали некој воопштп ги чита овие коментари? Или одлуките се однапред донесени без знаење на јавноста и во интерес на приватни интереси?!
Бараме итно поместување на временската рамка за консултации со јавноста, при што предлагаме истата да трае во период од 11.01.2016 до 11.02.2016 година. Во овпј случај се избегнува поклппување на период на консултации со новогодишните и божиќните празници.
Бараме во најбрз можен рок да ни се испрати одговор на коментарите испратени до ЈУНП Галичица на 28.09.2015.
Ваквите барања се засновани на Архуската кпнвенција – меѓународен документ со кој на јавнпста и се овозможува пристап до инфпрмации, учество во носењето одлуки и пристап до правда во областа на животната средина. Таа е ратификувана во собранието на Македонија во 1999 година.
Конвенцијата вели дека засегнатата јавност мора да биде информирана со јавно известување или поединечно, на почетокот од процедурата на одлучуваоето по прашањата на полето на животната средина и на адекватен, навремен и ефикасен начин, велат во соопштението од граѓанската иницијатива Охрид SOS.
Публицитет.мк