Сперматозоидите на мажите имаат своја сезона, најздрави се во текот на зимата и раната пролет, па поради тоа најмногу деца се раѓаат во текот на есента, утврдиле израелските научници.
Анализирајќи ја семената течност на повеќе од 6.000 мажи, израелскиот тим утврдил дека поголем број на сперматозоиди побрзо пливале и имале помалку абнормалности во текот на зимата додека, пак, со доаѓањето на пролетта, сите тие параметри опаѓале.
Во текот на пролетта се намалува лачењето на сперматозоидите во семената течност, а се и намалува нивната брзина.
И некои претходни студии, извршени врз животни, дале слични резултати.
Извор: ubavinaizdravje.mk