• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Советот на општина Охрид ја закажа десеттата седница

април 12, 2022
in Тикер
Советот на општина Охрид ја закажа десеттата седница

Седницата на Советот на општина Охрид е закажана за 18 април  (понеделник) со почеток во 09,00 часот.  

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 Усвојување на Записникот од 7-та седница

1.       Советнички прашања.

2.       Предлог-одлука за примање на донација од Државна Видеолотарија-Касинос Аустриа ДОО Скопје во уредување-реконструкција на мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка во општина Охрид.

3.       Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година.

4.       Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1).

5.       Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година (Н2).

6.       Предлог-одлука за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ).

7.       Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година (В1).

8.       Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1).

9.       Предлог-одлука за измена и дополнување на буџетот на ЕЛС Општина Охрид за 2022 година.

10.   Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за реализација на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“ преку партиципација и сопствено учество на општина Охрид.

11.   Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид.

12.   Предлог-одлука за донесување Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца.

13.   Предлог-одлука за изменување на Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачје на општина Охрид.

14.   Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за воведување на нова дејност на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.

15.   Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.

16.   Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на слуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.

17.   Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ Охрид (Пречистен текст).

18.   Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2021 година со инегриран финансиски извештај за 2021 година.

19.   Предлог-одлука за формирање Локален Совет за превенција на подрачјето на општина Охрид.

20.   Предлог-одлука за давање на користење недвижен имот – урбана опрема.

21.   Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот на членови на комисија за урбанизам.

22.   Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 2.78 од Детален урбанистички план за 6-та УЗ, УБ 6.2 опфат 1, општина Охрид.

23.   Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 (КП 1688/2 и дел од КП 1688/1) и ГП 2 (КП 1688/1 и дел од КП 1687/1) во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ” во КО Охрид 4 – Општина Охрид.

24.   Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 формирана на КП 4514/1 и делови од други КП и ГП 2 формирана на дел од КП 4500 и делови од други КП во ДУП за 11-та Урбана Единица – Охрид, МЗ Видобишта во КО Охрид 4, Општина Охрид.

 

 Прекинатата 8-ма седница на Советот на општина Охрид, која беше одржана на ден 10.02.2022 година, ќе продолжи на ден 18.04.2022 година (понеделник), веднаш по завршувањето на закажаната 10-та седница.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk 

Посетеност: 69
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Ристо Медароски

Next Post

Во Бар поставена е спомен-плоча на Владимир и Косара во чест на македонско-црногорското пријателство

Next Post
Во Бар поставена е спомен-плоча на Владимир и Косара во чест на македонско-црногорското пријателство

Во Бар поставена е спомен-плоча на Владимир и Косара во чест на македонско-црногорското пријателство

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 69

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk