Голем е интересот да има фер и демократски избори што ќе се одржат во атмосфера во која ќе се елиминираат сите досегашни притисоци коишто ги има и граѓаните да можат да носат одлука самостојно, согласно сопственото убедување, рече министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски при денешната посета на Берово.
Според Спасовски единственото решение за излез од политичката криза е одржување на фер и демократски изборен процес.
– Затоа сметам дека ВМРО-ДПМНЕ нема веќе легитимитет да се крие зад народот. ВМРО-ДПМНЕ мора да се соочи со реалноста, мора да сфати дека Македонија ќе ја разреши политичката криза само ако имаме фер и демократски изборен процес и од тоа отстапување нема. Нема отстапување заради граѓаните на Република Македонија и заради нејзината иднина – изјави Спасовски.
Извор: www.meta.mk