Три монументи на Серафимоски го красат Охрид
Заедно со споменикот на Свети Кирил и Методиј и со споменикот на Свети Климент Охридски, со поставувањето на паметникот на Свети Наум се формира една целина отпочната во осумдесетите години, која ќе биде заокружена во 2010 година.
При поставуавњето на третиот споменик на плоштадот во Охрид академик Серафимоски рече дека во рамки на проектот за споменично одбележување на Охрид недостасуваат уште три скулптури, на светите Горазд, Сава и Анѓелари.
– Со нив тројца сметам дека ќе бидат опфатени во споменичен облик и форма сите седум чественици од македонската средовековна култура. Тие можат да бидат и помали,во димензии, но битно е да бидат поставени и тие три скулптури, на потегот од Свети Кирил и Методиј, па долж Кејот на Охридското Езеро, истакна во таа пригода скулпторот.
За новиот споменик на Свети Наум, академик Серфимовски појасни:
– Некои денеска поставуваат скулптури на високи постаменти. Јас тоа како концепт не го прифаќам затоа што сметам дека споменикот поставен на постаментот, треба поблиску да комуницира со луѓето за кои впрочем е и направен, истакна Томе Серафимовски.
Публицитет.мк