Викендов гости на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид беa членови на КУД „Св. Јован Владимир“ од Бар, Црна Гора.
-Соработката меѓу двете фолклорни групи трае веќе неколку неколку години. Се играше и пееше македонска музика и песна,заедно со гостите обработивме неколку македонски ора а исто и научивме црногорски ора и песни. Уште еднаш на радост на сите се случи размена на култура и традиција. Направивме и договори за понатамошна соработка, а воедно добивме покана да отпатуваме во Бар за Патронот на градот и друштвото „Св.Јован Владимир“. Докажано е дека културата, песната и игрите – фолклорот немаат граници, вели за Публицитет мк Татјана Тренеска, уметнички раководител на ФА „Бисери“ кој делува при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Гостите од Бар утрово беа и на литургија во црквата Св. Никола Геракомија каде имаа возбудлива средба со дел од моштите на Св. Јован Владимир.
Публицитет.мк