Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, единствената ќерка на кнезот – кралски намесник Павле Караѓорѓевиќ и на кнегињата Олга денеска ќе допатува во неофицијална посета на Охрид.
Според најавите Општина Охрид ќе ѝ приреди дочек со официјална делегација на охридскиот аеродром. Планирано е принцезата Јелисавета да има куса прошетка низ градот, да ги посети најзначајните културно-историски споменици во стариот дел на Охрид, а ќе ги посети и продавниците за филигран и за охридски бисер.
Принцезата Јелисавета е родена во Белград, таа е единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и на грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар. Потомок е на српската кралска династија Караѓорѓевиќ која владеела со Србија, а потоа и со кралствата СХС и Југославија.
Принцезата Јелисавета денес е дел од јавниот живот на Србија и зад себе има четири книги за деца. Таа е и креатор на парфем кој се продава ширум светот.
Публицитет.мк






