Претседателот на Србија, Александар Вучиќ претстојниот викенд ќе учествува на состанок на лидерите на Западен Балкан што ќе се одржи во Охрид.
Како што најавија денеска од прес-службата на Вучиќ, српскиот претстедател ќе престојува во земјава на 9-ти и 10-ти ноември.
Во Охрид ќе се водат разговорите почнати пред еден месец во Нови Сад помеѓу Рама, Вучиќ и Заев за укинување на препреките за слободен проток на производи, услуги, капитал и луѓе помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.
Публицитет.мк