Пишува:
Верица П. Гичева
Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Дали си соученик, колега, менаџер, соработник или пак пријател кој никогаш не слуша, а не си ни свесен дека тоа не го знаеш!? Да се потсетиме!
Во претходното излагање зборувавме за слушањето како основен елемент на комуникација. Дали се запрашавте, што е повеќе фрустрирачки отколку зборување без да се слуша ?
На сите им се случува истото…. слушањето е навистина тешка работа и потребно е да имаме голема концентрација за да го реализираме истото.
Возможно е. Потребно е само да сакаме да му се посветиме на соговорникот и да го ислушаме.
Повеќето луѓе се свесни дека останатите луѓе не ги слушаат , но не се толку свесни дека самите не слушаат !
Мораме да бидеме брутално чесни сами со себе и да размислиме за нашето споствено слушање ( или неслушање ) а со самото тоа и однесување.
Дали сте се нашле во ситуација да сте во нечие друштво, некој ви се обраќа, а вие стискате во телефонот невербално покажувајќи непочит кон соговорникот, бидејќи баш во тој момент ви титка телефонот и веднаш сакате да испратите мала текстуална порака додека соговорникот со кој разговарате ви зборува.
Со ваквото однесување испраќаме невербална порака дека НИЕ НЕ СЛУШАМЕ !
Во моменти кога ни е нешто битно, ваква реакција навистина знае да зболи.
Да, ние секако сме физички тука и ја (не)слушаме друга личност наспроти нас, можеби мислиме дека сме мултитаскинг па се во исто време можеме да на правиме.
Прашањето е дали сме навистина концентрирани на она што таа личност ни говори ?
Најверојатно не.
Фокусот на текстуалната порака која ја испраќаме или фокусот на нашето стискање на инстаграм и фб , му говори на соговорникот дека тие работи во овој миг, ни се поважни од него и неговото говорење.
Ова е аларманта ситуација, па доколку се свестиме потребно е веднаш да прекинеме со ваквиот однос. Оваа лоша навика значи дека сме груби спрема тој од спротива.
Затоа, потребно е длабоко да размислиме за сите наши постапки и рекации.
За последниот класен час, за состанокот и разговорот кој што сме го имале.
Доколку сакаме да сме успешни во животот и работата потребно е да се преиспитаме и размисиме дали поседуваме некоја од овие сиромашни навики за НЕвистинско слушање.
ПРОДОЛЖУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ…….
Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
Публицитет.мк