Пишува,
Верица П. Гичева, претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Дали можеме да ги подобриме своите вештини за слушање ?
МОТИВИРАЈТЕ СЕ ДА СТАНЕТЕ ПОДОБАР СЛУШАТЕЛ !
Секој може да ги подобри своите вештини за слушање.
Што е потребно за ова ?
Како и за се во животот потребен е мотив, труд и упорност.
Токму ова слушање е монументално важечка вештина што е универзална и се користи секаде и во секој средина. Во училиштето, во семејството, бракот, пријателствата, родителството, менаџментот и речиси во секој вид на врска.
Без поседување на оваа вештина ние сме сиромашни комуникатори.
Да размислиме за ситуација во која сме имале недоразбирање….
Да размисломе за друга ситуација во која сме имале разбирање од соговорникот и успешен разговор.
И конечо, да размислиме:
Колку од овие искуствено различни ситуации кои сме ги доживеaле имаат врска со нецелосно слушање ?
Кај секој од нас, вештините за слушање е потребно да се прилагодат или од корен да се сменат. Во секој случај, како и со другите вештини во животот, потребно е да работиме напорно на своето усовршување за да го подобриме сопственото НЕслушање.
Сега, кога сме свесни за сопствените слаби навики за слушање, верувам дека ќе можете полесно да ги идентификувате кога ги правите и дека ќе застанете на момент, за да се подобрите и да го смените ваквиот однос кон соговорникот.
“Дури и ако во средина на реченицата се фатите себе си дека го правите тоа“.
Свестете се ! Влегувате некому во збор…..сакаме да ја кажеме својата мисла без да го ислушаме соговорникот тоа што почнал да го зборува.
МОТИВИРАЈТЕ СЕ ДА СТАНЕТЕ ПОДОБАР СЛУШАТЕЛ !
Предлог идеа ( вежба ), пожелно е да ги замолите вашите блиски да ве корегираат кога ги правите овие грешки во комуникација преку неслушање.
ПРОДОЛЖУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ…….
Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
Публицитет.мк