ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО, ЈАЗИКОТ НА ЧОВЕЧНОСТА
ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО
За да зборуваме за говорот на телото денеска, потребно е најпрвин да започнеме од посоењето на човекот. Секако ни е во интерес да ги набљудуваме почетоците, за да можеме да сватиме и научиме нешто и денеска на оваа тема во 21 век.
Ако се вратиме наназад, во неандерталско време сигурна сум дека ќе забележите дека на сите пештери има симболи. Тоа време луѓето се изразувале преку гестикулации на раце, нозе, движења кои што ги манифестирале без да употребат говор а се со цел да се изразат.
Говорот на телото како наука не сме го измислиле ние, ова е јазикот на човечноста од времето на каменото доба, каде милиони луѓе не биле свесни дека го практикуваат.
Затоа од денеска верувам дека ќе имате дел нови сознанија за оваа наука.
По каменото доба доаѓа периодот на времето на богови каде доаѓа до израз моќта на симболите и ритуалите. Човечноста повторно се развива повторно преку вербалност, сеако дополнително поткрепена со невербални движења и гестикулации.
Која е промената ? Страв од непознато.
Затоа владее поклонување на богови, Амон Ра, Анубис….
Со ова сакав само да ви посочам слика за говорот на телото низ времето.
ЗАКЛУЧОК:
Од каменото доба на хомо сапиенс, преку периодот на пирамидите и божествата па се до ден денес период на сателити и дигитални технологии ништо не се измени во потребата од комуникациски вештини.
ПОСТОЈАТ ШЕСТ УНИВЕРЗАЛНИ ЕМОЦИИ КАЈ ЧОВЕКОТ:
– Тага/ Среќа
– Лутина
– Одвратност
– Презир
– Изненадување
– Страв
Ееден од најважните делови во комуникацијата со луѓето околу нас е читање на соговорниците преку движењата и гестикулациите на лицето.
Доколку внимателно почнеме да ги набљудуваме нашите соговорници, нивните гестикулации и мимики на лицето во околината во која што живееме, работиме, учиме ќе навлеземе во светот на микро експресии кој може да ни помогне во разбирање на луѓето околу нас.
Ова е еден од најтранспарентните начини на практикување на читање на невербалната комуникација со која секој од нас се сретнува во животот.
Преку движењата на комплетната мускулатура на лицето во која што спаѓаат сите мускулни групи на лицето, ќе можете да ги процените емоциите односно некои од овие 6 универзални човечки емоции: тага/среќа, лутина, oдвратност, презир, иненадување или страв.
СОВЕТ:
Гледајте го секогаш целото лице а не само очите или движењата на устата.
Комплетната слика на целото лице на човековото тело ќе ви помогне да ги препознаете емоциите на соговорниците.
За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu.
За учество на on-line вебинар на 24,25,26 и 27 Август 10h-13h
ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ( 10 Модули ) можете да се пријавите на директен линк:
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/ОСНОВИНАДИГИТАЛНАПИСМЕНОСТ
СЕКОЈ УЧЕСНИК ДОБИВА СЕРТИФИКАТ !
За сите 10 Модули се добиваат 2 Сертификати
Пишува,
Верица П. Гичева, претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
ПРОДОЛЖУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ…….
Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
Публицитет.мк