Во денешно време сите ние можеме да ги напишеме и објавиме нашите идеи преку интернет што доведе до експлозија на информации и комуникациски можности.
Во овој чест вид на комуникација испраќачот и примачот се секогаш транспарентни и истакнати. Писмена комуникација вклучува: писма, електронски пораки, книги, списанија, интернет или други медиуми.
Во денешното современо живеење комуникацијата преку меил и смс порака станува еден од најефективните модели на комуникација на работно место.
Ваквиот начин на комуницирање е брз и ефикасен доколку се користи соодветно а во исто време ни обезбедува и пишан траг за она за кое разговараме и се договараме.
Мораме да сме свесни дека добро составена писмена порака претставува вештина сама по себе и затоа е потребно да знаеме дека писмената комуникација не е соодветна за секоја ситуација.
Во следните неколку статии ќе ви дадам основни насоки за електронскa пошта ( e-mail ), ефективно пишување на меил преку реални примери и проекции.
Пред се, кога и како, на кој начин и во која ситуација се користи писмената комуникација.
ШТО Е ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА ?
Електронска пошта ( e-mail ) е сервис на интернет кој овозможува размена на електронски пораки меѓу корисниците на електронската пошта на интернет.
КОИ СЕ ПРЕДНОСТИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА ?
Најбитно од се е брзината со која стигнуваат електронски пораки а вообичаено тоа се само неколку секунди. Практично е бидејќи за некои податоци или основни работи не мораме да губиме време за состаноци туку тоа да го направиме по писмен пат, електронски. Секако е важно и дека иницијално можеме да комуницираме со било кого во светот и тоа без да трошиме пари за патување, транспортирање и слично.
КОЈ МОЖЕ ДА ЈА КОРИСТИ ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА ?
Секој може да ја користи електронската пошта.
Секој кој има пристап на компјутер поврзан со интернет.
ШТО МОЖЕМЕ ДА ИСПРАЌАМЕ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА ?
Брзо и едноставно можеме да испраќаме пораки со текст, документи, програми, слики, музика и слично.
ВАЖНО !
За да може да се користи електронската пошта, секоја корисник мора да има своја електронска e-mail адреса.
- За секоја електронска адреса се доделува електронско сандаче.
- Електронското сандаче се вика e-mail box
- e-mail box е просторот на хард дискот на компјутерот кој се вика e-mail сервер
- Во e-mail серверот се чуваат електронските пораки на корисникот
- E-mail сервер е компјутер поврзан на интернет кој ги прима и испраќа електронските пораки на корисниците на електронската пошта.
Во следниот број ќе проследиме нови и корисни информации на оваа тема.
До тогаш останете во добро здравје и позитивна енергија.
За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu или да го посетите нашиот веб сајт на: www.euinstitute.eu
Пишува,
Верица П. Гичева, претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
ПРОДОЛЖУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ…….
Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
Публицитет.мк