• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Статија: КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ и “ПУБЛИЦИТЕТ.МК“

јули 22, 2020
in Омнубус
Статија: КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ   “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ и “ПУБЛИЦИТЕТ.МК“

22072020 vp copy

Пишува:
Верица П. Гичева
Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

СЛУШАЊЕТО Е ОСНОВЕН ЕЛЕМЕНТ НА КОМУНИКАЦИЈА!

Рековме дека за да научиме добро да комуницираме потребно е да научиме прво добро да да слушаме!

Што е повеќе фрустрирачки, зборување без да слушнеме што говори соговорникот ?

2207 Слика 01 СЛУШАЊЕТО Е СОНОВЕН ЕЛЕМЕНТ НА КОМУНИКАЦИЈА

Па што мислите, колку видови на НЕслушање има!?

Лажно слушање –  Веројатно сте се нашле во ситуација да имате наспроти вас соговорник кој само ви мрда со главата, а гледате дека е комлетно отсутен и патува некаде со мислите. Едноставно физички е тука, а со мислите е некаде далеку.

Ваквиот вид на НЕ слушање се нарекува псеудо или лажно слушање ( Pseudo Listening).

Да размислиме заеднички, колку луѓе препознаваме што со нас секојдневно комуницираат на ваков начин. Колку луѓе имаме во секојдневното опкружување кои воопшто не се со нас во темата која сакаме да ја водиме и комуницираме на неа ?

Сигурна сум дека за жал, тоа се скоро 50% од оние со кои комуницираме на дневно ниво.

Ке ги споменам помладите, колку пати некоја мајка на своето дете ќе му повтори дека треба да заврши некој домашна задача или некој друга обврска, а детето ќе мрда со главата во знак на одобрување, што значи не е тука со мислите, пример размислува како да игра Roblox. Или колку пати сме му рекле на сопругот да го фрли ѓубрето, а тој клима со глава во знак на одобрување и на крај повторно обврската ќе си ја завршиме сами.

2207 Слика 02 ЛАЖНО СЛУШАЊЕ

Селективно  слушање – и во овој вид на ситуација сме се нашле сигурно сите ние. Како? Еве ќе ви дадам пример во кој селективно некој од нас НЕслуша.

Добиваме телефонски повик во кој некој нешто нуди, продава и слично. Денеска по колку пати на ден ни ѕвони телефонот и некој нешто нуди….тоа е во ред и сега ние одбираме да слушнеме само она што ни одговара, а не она што е комплетна содржина и контекст на разговорот. Значи автоматски слушаме само тоа што ни одговара во моментот.

Ми се јавуваат по телефон, госпоѓо добивте бесплатен ваучер ( ова го слушаме ) кој всушност е некаков интегриран попуст доколку нешто купиме ( е сега ова не ни влегува во уво, воопшто НЕ го слушаме ) па бидејќи имаме наградна игра со купоните, ве молиме да дојдете да го подигнете ваучерот до тој и тој датум.

Значи веднаш имаме проблем. Повторно зошто?

Селективно сме одбрале да слушнеме ваучер, награда и бесплатно!

2207 Слика 03 СЕЛЕКТИВНО СЛУШАЊЕ

Слушање со одбивање – И ова е еден од честите начини на комуникација.

Некој нешто сака да ни каже, а ние во моментот преоптеретени со сопствен живот или некој тековни случувања веднаш го прекинуваме, автоматски значи го избегнуваме.

На некој сака да комуницира со нас, да стапи во контакт со нас, и веројатно му е битно во моментот квалитетно да го ислушаме. Ние од сопствените оптеретувања најлесно ни е да го одбиеме и да го ставиме на игнор, да го избегнеме. Автоматски го дистанцираме со нашето одбивање.

2207 Слика 4 СЛУШАЊЕ СО ОДБИВАЊЕ

Во заседа слушање – Ова е многу чест вид на малку поинтелигентно НЕслушање.

Сигурна сум дека голем дел од вас кои сега ова го читате ќе се пронајдете себе си дека сте се нашле во вакви ситуации. Значи ние зборуваме, некој од другата страна не слуша мудро-предаторски и веднаш откако ќе застанеме со зборувањето почнува да не напаѓа!

Од нигде никаде без конкретна причина, кога ќе престанеме со нашето зборување тој или таа почнува со вербален напад врз нас.

2207 Слика 05 СЛУШАЊЕ ВО ЗАСЕДА

И за крај од денешното дружење треба да имаме во предвид дека:

Комуникацијата е успешна и квалитетна кога е двострана.

Како и во животот и љубовта, таа не е едносмерна улица.

 

ПРОДОЛЖУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ…….

 

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.

ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442

 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

Публицитет.мк

Посетеност: 73
Share
Previous Post

Промоција на книга, работилница и музика за душа приреди вчера манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца

Next Post

Јавна презентација и јавна расправа по нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за ГП 1 со основна класа на намена А4-времено сместување на КП

Next Post
Јавна презентација и јавна расправа по нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за ГП 1 со основна класа на намена А4-времено сместување на КП

Јавна презентација и јавна расправа по нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за ГП 1 со основна класа на намена А4-времено сместување на КП

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 73

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk