Еден од најактуелните и секогаш присутен сликар кој го облагородува амбиентот во Галерија „Букефал“ е Стефан Хаџи-Николов.
Сликар кој што плени со прецизноста и хиперреалистичноста на изработката на своите дела. Трудољубивоста и трпението на карактерот на Стефан провејува низ целокупното негово творештво, иако како доминантен мотив ги има младите женски тела кои ги изработува со филигрантска прецизност,знае да ги истакне и печурките како симбол и негова пасија во секојдневниот живот.
Тој се држи до една филозофска концепција за постојаноста на уметноста и нејзините вредности.
Нејзина најголема доблест е фактот што и покрај сложеноста на сликите и неверојатниот труд на авторот вложен во нивното создавање, ликовната порака е искажана со леснотија и префинетост, така што сликите на Стефан Хаџи-Николов имаат моќ да го воведат во светот на уметноста и најнеупатениот гледач. -Токму тоа е уште една освоена битка на уметникот во името на уметноста, ќе истакне Вања Маркова, уметнички директор за неговото сликарство.
За последниот циклус слики на Стефан Хаџи-Николов Ефтим Клетников ќе напише: – Сликите ни нудат една беспрекорна рамнотежа на еротското и поетичното, преставени во ентериер на прекрасната куќа на Робевци, чија архитектура во некоја смисла во добар дел ја обликува неговата ликовна имагинација. Во трансцедентен амбиент сместени женските фигури исполнувајки го истиот со својата суптилна еротска сензуалност.Во тој ентериерен амбиент се и археолошките артефакти, мермерни скулптури, торза и релјефи кои ја сугерираат древноста и вечноста, наспроти мигот и минливоста.
Публицитет.мк