СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ го прашува кандидатот Јован Стојаноски за неговите ветувања за вработувања, функции, бизниси, маркици, и други привилегии со кои се расфрла по градот и ги лаже граѓаните и членовите на СДС, рече на средба со новинарите кандидатката за советник од ВМРО ДПМНЕ д-р Снежана Стефаноска.
Дали Јован Стојаноски знае дека вработувањата во охридската Пожарна кои ги ветува низ цел град, а најмногу во Велгошти нема да може да ги реализира бидејќи за тоа постои законска препрека.
Во Пожарната во Охрид целосно е исполнет дозволениот законски број на вработени и во никој случај не ќе може да има нови вработувања. Единствено е можно да се вработи некој само ако има лице кое исполнило законски услови за пензија или некој да биде отпуштен од работа.
Затоа прашуваме:
Дали Јован Стојаноски планира да брка дел од вработените од работа за да ослободи место и да прими нови (што законски исто така не може да го направи бидејќи вработените имаат решенија за работа) или упорно ги лажи оние на кои тоа им го ветува и со лага се обидува да го добие нивниот глас.Понатаму прашуваме:
На колку луѓе Јован Стојаноки им го ветил раководното место Раководител на ТЛЕР? Кои се тие тројца?
Почитувани Ве прашуваме јавно:
Дали Јован Стојаноски може да одговори која структура од раководството на поранешниот градоначалник Алескандар Петрески планира да ја врати на позиции?
Кој луѓе од времето на мракот, хаосот, грабежот и безредието Јован Стојаноски планира да ги устоличи на раководни места, но и кои состојби во Охрид ветил дека ќе ги врати назад?
И за крај, може ли Јован Стојаноски да одговори:
Дали ќе ги даде паркинзите повторно на приватни фирми, и на кои фирми ги има ветено?
Која е фирмата на која `и е ветено дека ќе ги фарба улиците, поточно пешачките премини и ќе поставува сообраќајни знаци и каде треба и каде не треба за да го празни градскиот буџет?,изјави на прес конференција кандидатката за советник д-р Снежана Стефаноска.
Публицитет.мк