Стефановски во повеќе од драматичен финиш стигна до победата, за дел од секундата стигнувајќи на целта пред минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев, кој на 200 метри пред финишот беше во водство. Но, Поп Ацев промаши една контролна бова, пливајќи надвор од патеката, па на крајот од трката, според правилата, мораше да се врати повторно во вода и да го доплива маратонот на регуларен начин. Сето тоа, го чинеше губење на втората позиција,
„Бовата мислев дека е подесно и ја промашив. Но, така е тоа во спортот“ – истакна Поп Ацев веднаш по крајот на трката.
Во женска конкуренција, победничка на годинашното издание е Украинката Олга Козидјук. На маратонот во Охрид учествуваа 18 пливачи во машка и во женска конкуренција. за вкупен награден фонд од 10.000 долари.
Извор: www.ekipa.mk