Во годината кога имаме рекорден буџет за заштита на културното наследство, со директорот на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани, зборувавме за начините за поефикасно работење, соопшти министерката за култура Ирена Стефоска.
-Следењето на Планот за управување со Светско природно и културно наследство на Охридскиот регион останува високо во приоритетите на нашите активности. Ја договоривме динамиката за реализација на Годишната програма за заштитата, програма која опфаќа повеќе значајни објекти од културното наследство, истакна Стефоска.
Публицитет.мк