По потекло горд Македонец, така и се потпишува.Сепак во далечната 1999-та фаќа пат накај Германија, но како среќа во несреќа (или обратно), застанува во Белград да ја види куќата на Цеца и еве веќе 20 години како е “заглавен” таму.
Притоа успева да го направи скоро невозможното – да направи кариера како стенд-ап комичар, со преку 500 настапи во изминатите 6 години. Да тоа е околу 80-90 настапи годишно, ние ја направивме математиката за Вас.
Ненад конечно реши да се врати дома и да го направи она што досега не смеел – да настапи пред поблиската фамилија, комшиите и актуелното гласачко тело.
Бидејќи Шиља во секојдневниот живот говори српски, а сонува македонски, реши да настапува на јазикот кој моментално не е за перење.
Стендапот е во петок (8 април) во Џез Ин, со почеток во 20:00 часот. Билетите по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 07528306
Публицитет.мк