1.Не е примерно да се пие вино пред ручек
Во Италија луѓето опуштено пијат вино претпладне. Во сите барови многу почесто ќе видите маси со чаши бело вино, отколку со кафе. А, не се тоа невработени луѓе, туку се на пауза пред ручек. Ако кај нас некој нарача вино претпладне, одма има коментари „Што е работава, кој те изнервира“.
2.Ако пиеш сам, значи си алкоголичар
Ако кажете „синоќа пиев вино дома“, соговорникот најверојатно замислува очаен човек кој пие од флаша. Секако, ок е ако се во прашање една или две чаши.
3.Шардоне е passé
Едно време розе беше во мода, па го пиеја и оние кои го обожаваа, но и оние кои никогаш не го нарачале. Но, класиката никогаш не излегува од мода.
4.Виното дебелее
Работата е во тоа што ниеден пијалок не дебелее како што мислиме. Десертните вина имаат најмногу калории, а најмалку имаат сувите вина со најнизок процент на алкохол. И тоа белите. Дебелее она што го јадеме со нив.
Еве неколку совети како да го избегнете тоа
-Не пијте многу пред јадење, виното отвора апетит
– Не пијте прекасно
– Пијте посуви вина
– Мажите максимално три чаши на ден, жените две
5.Затворач или дрвена тапа
Затворачот со навој сите некако не асоцира на алкохол со низок квалитет.Сепак, се повеќе озбилни винарии користат навојни затворачи, затоа што се попрактични.
6.Поскапото е подобро
Како и за секој производ во светот, тоа не е правило. Но, секогаш ќе има од оние кои мислат дека е така. Сепак, се чини дека некои митови се искоренија, како на пример оној – да има многу, да е ладно и да е бесплатно!
Извор: Локално.мк