Семејството на Ана Липша Тофовиќ по повод роденденот испрати честитка до Фестивалот.
„Ви го честитам големиот празник на македонската култура, 60-от роденден на Охридско лето. Во име на семејството Тофовиќ, Ви изразувам голема благодарност за начинот на одбележување на ликот на Ана Липша Тофовиќ.
Мојата мајка беше пресреќна што стана дел од историјата на македонската култура и што идејета на мојот татко, инспирирана од љубовата кон неа и кон музиката, се оствари; да еден концерт во прекрасниот амбиент на црквата св. Софија прерасне во музички фестивал со меѓународно реноме.
Спречен лично да присуствувам, посакувам барем за кусо, во овие времиња на пандемија и искушенија, реномираните гости да уживаат во убавините на Охрид, а посетителите во нивните изведби и прекрасната програма.
Би ги повторил честитиките на Ана за 50-от роденден на Охридско лето: ”Во древен Охрид, да е вечно Охридско лето како што е вечна Мекедонија”, стои во честитката од синот на Ана Липша Тофовиќ, Проф. д-р. Стеван Тофовиќ.
Публицитет.мк