На „Публицитет.мк“ од понеделникот, заклучно со денеска – среда ги објавуваме аудио – интервјуата со тројцата кандидати за градоначалник на Општина Охрид. Се потрудивме да прашаме она што вие всушност и сакате да слушнете и прочитате како одговор од нив.
Овој предизборен мини проект го заокружуваме со интервјуто направено со Стевчо Стевоски, незавиен кандидат.
Со клик на аудиото подолу – слушнете го во целост интервјуто со Стевчо Стевоски:
Еве кроки портрет за нашиот соговорник Стевчо Стевовски.
Роден во 1967 година во село Елшани, и сега живее таму со семејството. Тој е дипломиран криминалист, студирал на Факултетот за безбедност во Скопје, на отсекот за борба против организиран криминал. Близу три децении е вработен во СВР – Охрид. Стевчо е оженет и татко на две деца.
Мотото во предизборната кампања на независниот кандидат за градоначалник на Охрид Стевче Стевоски е „За Охрид ,пред сите НАС“
Во интервјуто за „Публицитет.мк “ тој вели дека ќе се залага за нова општинска професионална, стручна,и соодветно образована јавна администрација што ќе е во служба на граѓаните.
За разлика од неговите против кандидати тој нема силна партиска машинерија зад себе, како што ни рече се претставува сам пред гласачите користејќи ги медиумите и предизборните соочувања и социјалните мрежи. Според Стевоски, време е одењето на кандидатите за градоначалник и советници по домовите на гласачите да биде заборавено и надминато, бидејќи без согласност на некој начин гласачите се малтретирани и принудени да се соочат со политичарите кои го бараат нивниот глас.
-Свесен сум дека тие две политички партии се многу посилни од мене како финансиски, така и организациски. Но и свесен сум ако нивните политики – од едната политичка партија е претставувана и поддржувана од Орбан, Јанша и останати, а другата политичка партија е поддржувана од ЕУ и САД јас во оваа ситуација сум храбар и се чувствувам како Ким Јонг Нам од Северна Кореја, вели Стевоски.
Доколку го добие градоначалничкиот мандат Стевоски најавува формирање на Општинска комунална полиција со надлежности за контрола и примена на законите за градба, за угостителска, за туристичка дејност … , во надлежност на општина Охрид со работно време 24 часа ,365 дена во годината, а во тесна соработка со инспекциските служби на општина Охрид и МВР на РМ.
Тој ќе се залага за итно утврдување одговорност и анализа на долгот на општина Охрид од околу 50 милиони евра, кога,како, колку и зошто е направен и за изнаоѓање на решение за негова исплата.
Во тој контекст на корпусот прашања од екологијата независниот кандидат за прв човек на Охрид најави и анализа на функционирањето на колекторскиот систем и одделување на атмосверската вода а со цел намалување на трошоци од функционирањето на истиот како и утврдување на надлежноста и обврската за изградба,функционирање и одржување на колекторот согласно договорот помегу Собрание на РМ, општина Охрид и Општина Струга од 1983 и 1985 година,односно враќање на колекторскиот систем во надлежност на Владата на Р Македонија.
Стевоски ќе се залага за изградба на пристаништа на брегот на Охридското Езеро и тоа:плажа кај хотел Силекс,плажа помегу Лагадин и автокамп Елешец,плажа центар Пештани, автокамп Градиште и Трпејца а со цел воспоставување на бродски редовни линии од Охрид до Св Наум со субвенциониран бродски превоз на туристи и месно население кое живее на овој потег а со цел да се збогати туристичка понуда и да се намали сообраќајниот притисок на патот Охрид – Св Наум.
Со Стевче Стевоски разговараше Милчо Јованоски , Публицитет.мк