• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Стихозбирката на Исток Улчар како награда, ПНВ ПУБЛИКАЦИИ и Публицитет.мк ја испраќат во: Прилеп, Кичево и Охрид

мај 13, 2018
in Во потрага по трајната убавина
Стихозбирката на Исток Улчар како награда, ПНВ ПУБЛИКАЦИИ и Публицитет.мк ја испраќат во: Прилеп, Кичево и Охрид

  „Стихотворбите на Хрвоје“ по еден примерок како награда патуваат на адресите на нашите читатели: Давор Димоски од Кичево, Александра Божиноска од Прилеп и Виолета Коловска од Охрид.

Наградите ПНВ Публикации ќе им ги испрати по пошта.

Еве уште една наградна игра. ПНВ Публикации на еден среќен добитиник, наш читател ќе награди со еден примерок од романот ВТОР ОТКОС од Дејан Величковски. Ваше е само да напишете во порака на Фејсбук страницата на Публицитет.мк дека сте наш читател и Ваша адреса – најдоцна до утре во 23 часот.

Возбудлив трилер од почеток до крај!
Приказна за битката на поединецот против корумпираниот систем.
„Втор откос“ е роман, во кој преку главниот лик Симон, војник специјалец, добиваме слика за тоа како во секој од нас постои она двојство на добро и зло. На човек и ѕвер. На грижлив татко и сопруг од една страна и тренирана машина за убивање, од друга. За грдото лице на војната и она што таа го прави од луѓето. За корумпираноста на системот… Човечките судбини… Потребата да се биде херој… Приказна што ве држи напнати од пресврт до пресврт, до самиот крај.

31967957 1655523687835033 5690208252696985600 n

Дејан Величковски на Саемот на книгата во Скопје го потпишува својот роман – првенец на читателите

За авторот:
Дејан Величковски во светот на литературата влегува во 2013 година кога за првпат на македонски од англиски јазик го преведува романот „Фантомот од операта“ од Гастон Леру. Неговата интензивна преведувачка работа во изминативе неколку години на македонски јазик ни ги донесе и „Поштарот сегогаш ѕвони два пати“ од Џејмс М. Кејн, Рашомон“ од Рјиносуке Акутагава, „Знакот на четворката“ од Сер Артур Конан Дојл, „Војна на световите“ од .Х. Џ. Велс, „Уметноста на војната“ од Сун Цу Ву и „Долината на стравот“ од Сер Артур Конан Дојл.
Извадок од романот „Втор откос“ под насловот „Човек што лупи јаболко“ беше објавен во списанието за книжевност и култура „Акт“ во септември 2016. „Втор откос“ е негов прв роман.

Публицитет.мк

 

Посетеност: 75
Share
Previous Post

Во првиот број на „Деветка“ застапени и охридските стрип автори: Трајановски и Коцевски

Next Post

Гуми, столици и што уште не извадија нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“ од дното на Езерото

Next Post
Гуми, столици и што уште не извадија нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“ од дното на Езерото

Гуми, столици и што уште не извадија нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“ од дното на Езерото

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 75

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk