Неодамна во археолошкиот локалитет Стоби уметникот Љубомир Милошески од Струга ја одржа еднодневна, впечатлива и несекојдневна ретроспектива „Локалитет бр.5“ презентирајќи свој селектиран избор од дваесет годишно ликовно творештво.
Милошески се претстави со својата уметничка инсталација, скулптури и педесетина фото принтови и видеа.
На тој начин Милошески го заокружи досегашното творештво презентирано во Македонија и странство.
-Поставката беше само еден ден, бидејќи има многу влага во просторот и може да дојде до оштетување на делата, а и затоа што Стоби е живо место, локалитет во кој секојдневно се истражува и работи и се вложува многу .
Стоби со театарот и коридорот имаат еден прекрасен амбиент за изложување, а делата на Милошески беа како да беа извадени и дел од театарот, го возвишија Стоби во рамките на активностите за ,,Стоби жив град “, соопштија од НУ „Стоби“.
Љубомир Милошески во текот на двете децении активна работа имал забележителни групни и самостојни изложби во: Музеј на град Скопје, Музеј на Современа уметност во Скопје, Уметничка галерија Чифте Амам, на поетската манифестација „Струшки вечери“, на Илинденски денови во Крушево, Музеј на новите случувања во Љуљана, Музеј на современа уметност во Белград, во рамките на Сараевската зима и во Солун.
Публицитет.мк