Во текот на денешниот ден (понеделник) поради спуштање на студен бран од североисток ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.
И покрај овој студен бран и понатаму ќе продолжи стабилното и суво време без врнежи.
Во текот на ноќта и во вторник наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со ЗИМСКИ температури кои ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени. Значи на повеќе места температурите ќе паднат под нула степени.
Во петок во текот на денот температурата ќе се движи во интервал од 7 до 15 степени.
Напомена: Доколку излегувате вечерва и во вторник наутро задолжително со вас да си ја понесете топлата облека.
Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!
Извор: http://meteomax.mk/