Кога со нетрпение ќе се очекува еден дерби натпревар и кое гледачите очекуваат да уживаат во спортско надигрување ќе се појави некој како во случајов главнот судија и неговите помошнци и ќе расипат се.
Имено се’почна одлично и за двете екипи, меѓутоа за нештата да се променат се погрижи главнот судија кој уште во 10 минута од натпреварот престрого додели црвен картон кај домашните по што охриѓани беа приморани скоро цел натпревар да играат со играч помалку и тоа против екипа претендент за влез во Првата лига,
И покрај се’ мораме да констатираме дека охриѓани се надминаа себеси и се до крајот на натпреварот беа ако не подобар меѓутоа рамноправен противник.
Гостите би рекле ги искористија двете посериозни шанси за гол и за нивна среќа истите ќи реализираа.
Од друга страна, охриѓани иако цел натпревар играа со играч малку беа поопасни по противничкиот гол така при крајот на натпреварот дури и намалија на 1-2 но за пресврт немаше доволно време.
Како и да е потребно е еднаш за секогаш да се стави крај на калкулантското судење бдејки фудбалот се игра за публика а не за нечии други интереси.
Радува податокот што и покрај поразот кој ја прекина низата на победи на охриѓани сепак љубителите на фудбалот од Охрид останаа задоволни пред се’ од добрата и пожртвувана игра на своите миленици кој храбро, иако со играч помалку дадоа се од себе да избегнат пораз за што и за малку и ќе успееја.
Со своето калкулантско судење судите придонесе на крајот од натпреварот играчте наместо да се ракуваат, малку недостасуваше да дојде до посериозен инцидент.
Поради сето ова од ГФК Охрид Лихнидос излегоа со Соопштение до јавноста, во кое се вели:
СООПШТЕНИЕ
Денеска на натпреварот против екипата на Гостивар бевме оштетени во повеќе наврати. Уште од самиот старт, еден дерби натпревар кој требаше да биде фудбалски празник беше пресечен од судиската тројка со престрого доделениот црвен картон во 10-тата минута. Во никој случај не сакаме ни да помислиме дека тие беа тендециозни. И во минатото бевме драстично оштетени.
Ако грешките се ненамерни нека се пронајде начин за решавање на истите. На пример ВАР технологија која што е достапна во втората косовска лига.
Се надеваме дека во иднина ќе имаме фер судење. Ние како клуб ќе продолжиме да работиме на организација и напредок во клубот и ништо нема да не спречи во таа намера. Во прилог ги имате спорните ситуации од натпреварот.
https://www.facebook.com/watch/?v=859395468528379&extid=CL-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C&ref=sharing
Спортски поздрав
ГФК Охрид Лихнидос
Извор: Иван Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет,мк