• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Св. Наум – Чудотоворец по 34 пат одбележан со бал во Мелбурн

јули 10, 2017
in На минување

Ретко кој во Австралија слави како охриѓани.

Во прекрасниот и раскошен”Емералд Ресепшн”воТомастон,Мелбурн минатата сабота пред повеќе од 450 гости ,охриѓани заедно со нивните пријатели, а на таа вечер ги имаше од целокупна Македонија,се одржа традиционалниот Охридски бал 2017.Охридскиот бал е еден од најдобро организираните балови во македонската заедница во Австралија,секако причините се знаат, кога управнот одбор нешто ќе смисли и го спроведува унукатно.И годинава по традиција беше одбележан големиот православен празник Свети Наум Чудотворец во организација на истоименото Охридско социјално друштво.

bal 1

Пригоден говор одржа Мишко Америн потпреседател кој го најави сегашниот претседател Васко Ангеловски кои срдечно ги поздрави присутните им посака убава вечер и до година повесели,здрави и берикетни.Ангеловски меѓу другото истакна:-За момент ќе ни се вратат спомените и сеќавањата на родниот крај и семјените корени,ќе не зближат и сплотат под заедничко мото „Заедно сите Македонци од сите краеви на Македонија за доброто на македонскиот народ и нашата татковина“.Каде и да сме колку и да сме,со кого и да сме,Македонци да сме и да живееме и работиме за мкедонската кауза,националниот идентитет и благодет на нашиот народ.Во духот на македонското национално чувство .

bal 2

вечерта беше збогатена со присуството на неговата Екселенција Амбасадорот на Република Македонија, Веле Трпески, Генералниот Конзул на Република Македонија, Бети Коруноска,Лили Ди Амброзио Министер за енергија и животна средина.Мери Лалиос советник во општината Виталси, како и сите претставници на македонските медиуми и претставници на културно- уметничките друштва.

bal 6

По поздравниот говор на Ангеловски беше прочитана поздравна честитка од градонацалникот на Охрид господинот Никола Бакрачески,Следуваа поздравните говори од Амбасадорот Трпески и Генералниот конзул Короуноска, кои изразија задоволство што присуствуваа на овој бал затоа што Охрид за нив е најубавиот гбае рад во Македонија и пошироко Тие беа поздравени со оваци од присутните.

bal 3

Управниот одбор на ова наше друштво се потруди специјално за ова свеченост од Македонија да допатува познатата естрадна група „Чардак“ од Охрид заедно со Анета Наковска кои со нивната изведба ги воодушевија присутните со своите хитови и сите ги крена на нозе,сите беа распеани и разиграни до крајот до доцна во ноќта. Кум ови за 2017 година беа Зоран и Валентина Стаменкови а наредната година кум ќе биде Петар Џепароски .

bal 4

Вечерта настапија и Фазли Лиук и Иван Радевски, кои потекнуваат од Охрида а беа прикажани видео спотови и промотивен материјал од Охрид.Тоа го презентираше ДИГИ ВИДЕО Целе Петрески.За убавите спомени се погрижи Стевче Македонче.

bal 5

Претседателот на социјалното друштво од Мелбурн Васко Ангеловски изрази голема благодарност до главните покровители на балот: Михајло Филев со познатиот охридски бисер кој датира од 1928 година, Петар Џепароски од агенцијата за недвижности Раѕ Њхите,ИН тв,и до сите други поткрепители.

Текст: Лидија Ангеловска

Фото: Стевче Македонче

Публицитет.мк 

Посетеност: 66
Share
Previous Post

Д-р Милевски за SBS:Охридскиот регион е во фаза на смирување, очекуваме помалку земјотреси со помала сила

Next Post

Јулско зајдисонце, видено од Трпејца

Next Post

Јулско зајдисонце, видено од Трпејца

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 66

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk