Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4. декември 2018 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста.
Литургијата ќе започне во 8.45 часот, на а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
Публицитет.мк