Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (сабота) во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“.
На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
18 декември (недела) со почеток во 8:45 ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
На 19 декември (понеделник) во црквата Св. Никола Геракомија – Варош – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.
Публицитет.мк