• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, август 21, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Свечено отворено првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019

јуни 1, 2019
in Тикер
Свечено отворено првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019

Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески денес свечено го отвори првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019.

– Наша цел како одговорна локална самоуправа е постојаната подршка во спортот и неговото развивање и надградување како и на тимски така и на идндивидуален план. Можеме Таеквондото да го преставиме како вештина во која голем удел има и филозофијата на оваа најстара боречка вештина која преставува спој од повеќе борбени стилови и која на почетокот била користена за самоодбрана и преживување на младите луѓе. Јас ќе бидам шампион на правдата и слободата и јас ќе изградам подобар и мирен свет. Овие две реченици го потенцираат значењето на Таеквондото, вештината која не е само боречка и затоа сакам да Ви препорачам да се придржувате на ова, не само на теренот, туку и со своето општествено делување да го направите светот да биде подобро за живеење, истакна Георгиевски, прогласувајќи го турнирот за отворен.  

Konstantin Georgieski

Пред присутните се обрати д-р Борче Костовски, претседател на Македонската Таеквондо федерација, кој испрати огромна благодарност до организаторот на турнирот, клубот „Хваранг Фист“ од Охрид.

– Клубот е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација. Мора сите заедно да го промовираме овој спорт. Виновник за овој турнир е првиот човек на клубот е Ацо Јосифоски, V дан, Светски семиконтакт и европски Таеквондо шампион и повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства, истакна Костовски.

Ohrid Open Opsta 2

На турнирот, кој е во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, а се одржува во Спортската сала „Билјанини извори“, учествуваат 140 Таеквондисти, меѓу кои и на Европски и Балкански шампиони, носители на медали на Олимписки игри. Покрај домаќините од Охрид и Македонија, најбројни се спортистите од Албанија и Црна Гора.

Учесниците се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори, според официјалните правила на Светската Таеквондо Федерација (The official WT Competition Rules). На најдобрите ќе им бидат доделени признанија и плакети. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 64
Share
Previous Post

ВРЕМЕПЛОВ:Филмски премиери во јуни 1969 година

Next Post

По барање на УНЕСКО започна акцијата за отстранување на рекламните билборди во Охрид

Next Post
По барање на УНЕСКО започна акцијата за отстранување на рекламните билборди во Охрид

По барање на УНЕСКО започна акцијата за отстранување на рекламните билборди во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 64

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk