По повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“ ќе се служи света архиерејска литургија во понеделник, на 14 октомври во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид.
Со литургијата што ќе започне во 8:45 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Публицитет.мк