Биеналето на Нациите”Венеција АРТ Експо” е дизајниран настан што инволвира современо сликарство, скулптура, графика, видеоарт и керамичка уметност на голем светски настан.Целта е да се направи еден пресек на тенденциите и тековите на современата уметност презентирана од автори од целиот свет.
Сликарите Јордан Манасијески и Синиша Кашавелски се официјалнo избрани преставници на Македонското современо сликарство на годинешното БИЕНАЛЕ на НАЦИИТЕ Венеција Арт Експо што се одржува од 16-19 март во Венеција.
Биеналето на Нациите ќе се одржи во престижната палата “Scuola Grande di Santa Maria della Misericordia”. Селекцијата е на кураторите на Биеналето Франческо Саверио Руссо, Сандро Серадифалко и Салваторе Руссо а поддржани од жири комисијата – уметничките критичари Марко Ребуци (Диоцезан Музеј Мантова), Ангело Креспи (критичар и публицист” IL Giornale OFF”) и проф. Лука Беатриче(поранешен куратор на Италијанскиот павилјон на 53 то Венецијанското Арт Биенале).
Заблагодарувајќи се на поканата Манасијески и Кашавелски со задоволство ја прифатија честа да бидат преставници на Македонската нација на овај светски настан.Можеме да забележиме дека и двајцата сликари се присутни на меѓународните Арт салони веќе подолг период и важат за двигатели на тенденциите на новата современа уметност.
Манасијески ќе ги изложува делото “Очекување” , а италијанската критика за неговото сликарство ќе напише “Сликар чии што визии ги поставуваат фундаментите на новата современа уметност”.
Синиша Кашавелски ќе го изложи делото “Бол и бес”.
Музички гости на настанпт се Венецијанскиот Гудачки оркестар и италијанската музичка ѕвезда Морган.
Целата организација околу преставувањето на Манасијески на годинешното Биенале е на галеријата Букефал која е ексклузивен застапник за неговото сликарство.
Публицитет.мк