Советот на Општина Охрид в петок, на 29 јануари ќе ги одржи 54-тата и 55-тата седница.
Со почеток во 10 часот ќе започне 54-тата седница. На дневен ред ќе бидат:
-Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
-Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
-Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
-Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година.
-Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид
-Предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.
По завршувањето на оваа, ќе се одржи 55-тата седница на чиј дневен ред ќе бидат советнички прашања.
Двете седници на Советот на Општина Охрид ќе се одржат преку конференциска врска со употреба на интернет комуникацијa.
Извор:www.ohrid.gov.mk