• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

СВР – Охрид го одбележа 7 Мај – денот на македонската полиција и безбедност

мај 5, 2017
in Актуелно

СВР Охрид, ефикасно и ефективно се справува со сите видови криминалитет и има зголемена ефикасност во откривањето на казнените дела на целото подрачје, рече началникот на одделението за криминалистичка полиција  во СВР Охрид, Игор Смилески, на денешната прослава по повод претстојниот 7 Мај, денот на македонската полиција и денот на безбедноста.

Во 2016 година регистрирани се 1564 казнени дела  што претставува намалување за 16 проценти во однос на предминатата година, нагласи началникот Смилески. Тој кажа дека СВР Охрид регистрира намален број на тешки кражби за 15 проценти и бележи зголемена откривачка функција на службата. Во сузбивањето на нарко криминалитетот, службата е ефикасна со откриени 81,5 килограми дрога марихуана за 2016 и околу 45 килограми до овој момент во 2017 година. На целото подрачје има стабилен јавен ред и мир и поволна состојба во сообраќајот. Најави  нагласен акцент на зголемување на активностите во заштита на имотот на граѓаните и во делот на  сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона.

ц 018

Според секретарот на општина Охрид, Димитар Стасески, ваквите денови се повод кога можеме да искажеме една благодарност кон припоадниците на МВР особено до припадниците на СВР Охрид за се она што прават од аспект на безбедноста на нашиот град. Тоа е одлична препорака, особено во областа на туризмот, туристите кои доаѓаат во Охрид да се чувствуваат безбедно, Со СВР Охрид имаме одлична соработка. Освен од аспект на безбедноста, честопати реализирајќи крупни инфраструктурни зафати, особено во делот сообраќајот користиме искуства од нивните стручни лица за што секогаш несебично добиваме помош, поддршка, соработка и сугестии, како определн проект да изгледа онака како што треба и пред се да обезбедува функционалност.

ц 015

СВР Охрид со својата работа придонесува кон постојано одржување на мирот и безбедноста на територијата на Општина Охрид., рече Спасески.

На денешната пригодна свеченост, портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски, рече дека Охрид е најбезбеден град и посебно се осврна на обврските што СВР Охрид ги презема на безбедносен план. Портпаролот Димоски, потенцира дека полиција, обврските ги извршува крајно професионално, законито, посветено и пожртвувано и со целосна соработка со надлежните институции.

-Посветени кон безбедноста на граѓаните, работиме по демократските принципи и со целосното почитување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности  во општеството, практикуваме европски полициски  стандарди во откривањето, спречувањето, расветлувањето  и докажувањето на кривичните дела како и во пронаоѓањето на нивните сторители, рече портпаролот Димоски. Ние како полиција постоиме за граѓаните, тие се основниот императив кон кои што сме фокусирани како служба и работиме за нивната безбедност и сигурност.

ц 023

На свеченоста по повод 7 мај денот на македонската полиција, присуствуваа раководители и претставници на полициските станици од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, претставници на јавни институции, на предшколски и школски установи, активни полициски службеници. Во името на присутните пензионирани полициски работници, присутните ги поздрави највозрасниот пензиониран полицаец во СВР Охрид, Димитрија Стојчески.

Публицитет.мк 

Посетеност: 68
Share
Previous Post

Општинскиот натпревар “Детски семафор 2017″ќе се одржи утре

Next Post

На денешен ден пред 72 години е усвоена македонската азбука, а по неа и првиот правопис

Next Post

На денешен ден пред 72 години е усвоена македонската азбука, а по неа и првиот правопис

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 68

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk