• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СВР Охрид ќе ги зајакне мерките од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата од пожари

јули 25, 2022
in Тикер
СВР Охрид ќе ги зајакне мерките од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата од пожари

Со цел поголема заштита од шумски и други пожари на отворен простор,  СВР Охрид ќе ги  зајакне мерките од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока,  вклучени се сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.

Во соработка со територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП „Национални Шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРСМ, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, ќе се следи состојбата на подрачјето и ќе се преземаат предвидени мерки за заштита но и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти за координирано преземање на натамошни мерки и навремено локализирање.  Предвидени се  плански патроли на отворен простор помеѓу полициските службеници и шумската полиција, со цел елиминирање на опасноста од предизвикување на пожар како и надзор во претпријатијата што стопанисуваат со шуми, пасишта и на одговорните лица на кои ќе им се укаже за потребата од зајакната контрола на терен за заштита од пожари и примена на законската регулатива. Предвидена е интензивна соработка со институциите и на регионално ниво за размена на информации во врска настанати пожари, организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки.
Посебен акцент е ставен на средби со советодавни групи на граѓани и локални совети за превенција, со приоритетна тема превентивно делување за заштита од пожари на отворен простор и практична реализација на концептот “Соработка помеѓу полицијата и заедницата” за интензивирање на мерки за превенција и заштита од пожари, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението.

Публицитет.мк 

Посетеност: 103
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Јовица Тасевски – Етернијан

Next Post

„Охридско лето“ го носи американскиот пијанист Стивен Бјус

Next Post
„Охридско лето“ го носи американскиот пијанист Стивен Бјус

„Охридско лето“ го носи американскиот пијанист Стивен Бјус

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 103

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk