• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СВР – Охрид со детали за вчерашната сообраќајна несреќа кај Лагадин

септември 2, 2015
in Тикер

Едно лице го загуби животот а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај  туристичката насебата Лагадин.

По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди,  синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20)  од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.

Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки.

Незгодата се случила во момент кога сега повредениот Б.С кој по регионалниот пат го управувал моторциклот од Лагадин кон Охрид, изгубил контрола и директно удрил во предната лева страна од автомобилот „Форд Мондео“ кој се движел од спротивната насока. Тешката сообраќајна незгода се случила на дел од патот каде гледано во правец кон Охрид има кривина во десно и каде моторциклот, движејќи се кон Охрид, преминал на спротивната-лева сообраќајна лента и директно се удрил во предниот лев дел од патничкиот автомобил.

На местото на настанот, во времето од 15 часот до 16 часот и 30 минути извршен е увид поради што сообраќајот до двете насоки беше  во прекин.

По наредба на јавен Обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило и моторциклот.

Извор: СВР – Охрид 

Посетеност: 168
Share
Previous Post

Фондот за здравствено осигурување ќе ја покрие операцијата на малата Јована од Охрид.

Next Post

Охридското Езеро порибено со 300 000 единки подмладок ендемична пастрмка

Next Post

Охридското Езеро порибено со 300 000 единки подмладок ендемична пастрмка

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 168

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk