На пригодна свеченост,во прекрасен новогодишен амбиент во ресторанот “Валентино”, во средта на 21 декември, Таеквондо ИТФ , одбележа 30 години постоење на спортската сцена. По повод јубилејот имаше официјална промоција на книгата “ПАТОТ ДО ЦРН ПОЈАС” , првиот пишан документ во Македонија, воедно клубот ја прослави и најуспешната година во нивната историја, со осовени 3 Европски вицешампионски титули.
По повод 30 години Теквондо ИТФ во Македонија, направивме една кратка ретроспектива на изминатаве 30 години на повеќето настани и постигнати успеси на Теквондо ИТФ спортот во Македонија.
Овај племенит спорт во Македонија го донесе г-н Саша Поповски кој е носител на црн појас петти дан, отворајќи го првиот клуб на 22 февруари далечната 1992 година, после неколку месеци,на 15 август 1992 година се отвора Теквондо клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, кој е еден од најуспешните клубови.
После тоа се отвараат клубови во Струга, Мислешево,Оровник, Волино и други клубови, но со тек на време некои од тие клубови згаснуваат, се отвораат нови, некои се рестартираат, но после 30 години ние се’ уште сме на спортската сцена и можеме да се пофалиме со доста успеси.
Во изминативе триесет години имаме учествувано на седум Светски и шест Европски првенства од кои досега имаме осовено 3 медали од Светски првенства, златен, сребрен и бронзен, и 6 медали од Европски првенства , 3 бронзени и 3 сребрени медали.
Можеме да се пофалиме дека оваа година ни е најуспешна година во историјата на нашиот спорт, на почетокот од април месец учествувавме со пет натпреварувачи на Европското првенство во Пореч, Хрватска. Нашите натпреварувачи направија историски успеси, при што ниту еден од нашите натпреварувачи не загуби во прв круг, а тројца од нив се закитија со сребрени медали во борби, Елена Јанеска, Хриситјана Парулеска и Давид Крстески станаа Европски вицешампиони, со што истотака направија историски успех од едно Европско да се освојат 3 медали, Хриситјана Парулеска го собори рекордот во нашата држава освојувајќи медал од Европско првенство на 12 години, додека Давид Крстески кој го има рекордот на прво дете во Макеоднија што има освоено медал од Европско на 11 години, оваа година постигна уште еден историски успех освојувајќи втор медал на неговото второ Европско првнество.
Оваа година имаме учествувано на 8 меѓународни натпревари.
-Април месец “Европско Теквондо ИТФ првенство 2022” во Пореч, Хрватска
-Мај месец “Гран при 2022” Зворник БиХ
-Јуни месец “Софија Опен” соседна Бугарија, и “Охрид Опен 2022” кој го организиравме ние, по сите ИТФ стандарди , и можеме да се пофалиме дека секоја година станува се појак и помасовен натпревар
-Октомври месец учествуваме на “Корча Опен” соседна Албанија, и “Србија Опен 2022” во Нови Сад.
-Ноември месец “Дубровник Опен 2022” во Хрватска , и за крај на оваа година “Бугарија Опен 2022” во Пловдив
Од овие натпревари , нашите натпреварувачи осовија вкупно медали, од кои 47 златни медали, 46 сребрени медали , 70 бронзени и девет пехари, од кои 6 за најдобри поединци, 3 за најдобар клуб, од кој едниот е освоен за најдобар клуб прво место на Гран при во Зворник , БиХ.
По повод јубилејот 30 години Теквондо ИТФ во Македонија, направиме и презентација на книгата ПАТОТ ДО ЦРН ПОЈАС , првиот пишан документ во Македонија, а автор е претседателот на Македонската ИТФ Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас петти дан, поранешен светски вицешампион Прага ’ 96. Оваа е книга е посветена на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен во последниве 9 години за сите наши успеси, кој ни подаде рака кога ни беше најпотребно и ни овозможи да се бориме рамо до рамо со најдобрите во светов, кој секогаш не турка во нови победи и нови успеси.
Потребата од стручна литература во текот на долги години ни беше голема тешкотија, со текот на годините го собиравме нашето знаење и се одлучивме да ја напишеме оваа книга, која ќе им биде од голема помош на сите љубители на овај спорт, целта на оваа книга е да може секој поединец да ја користи како потсетник, пред се корејската терминологија е напишана на кирилица, опфатена е програмата и техниките кои се потребни да се знаат за полагање на појасите, прикажани со илустрација на слики од некои наши натпреварувачи, има краток историјат за Теквондо ИТФ, основните начела и принципи кои треба да ги познава и да ги почитува секој кој го негува нашиот спорт. Во текот на наредните години, ја спремаме и втората книга ПАТОТ НА ЦРНИОТ ПОЈАС во која ќе бидат опфатени техниките на црните појаси од први до деветти дан.
Во текот на овие години, многу луѓе помогнале за развојот на нашиот спорт,па искористивме прилика јавно да им се заблагодариме на сите, а најголема благодарност до нашиот генрелаен спонзор “ПН МЕТАЛ” , кој уште еднаш ја покажа великодушноста , доделувајќи им внимателни подароци на осовојувачите на медали од последното Европско првенство, и специјален подарок на тренерот Марјанчо Лазаревски, кој кажува дека со овај гест направи да се чувствуваат посебно.
Публицитет.мк