Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржат 27. „Охридски староградски средби“.Фотографиите од импровизираните охридски чунови се од крајот на осумдесеттите години од минатиот 20 век.
Публицитет. мк ги позајми од фејсбук страницата „Охрид, слики од минатото“ да потсети на нивната улога во животот на охриѓани. Не ретко тие се користеле за музичките тајфи и пловењето до Калишта или Св. Наум.
Не е јасно дали вака импровизираните чунови ( на фотографиите ) биле направени по повод Балканскиот фестивал или Охридските староградски средби.
Тоа сега не е ни важно, важни се фотките на кои мнозина и можеби ќе се препознаат.
Охридскиот чун треба да се врати од заборавот, а по децении молк на оваа тема вреди да се спомене проектот на Завод и Музеј од Охрид за обнова на раритетниот Охридски чун ,кој и сега е изложен непосредно до Куќата на Робевци, а во почетокот на јуни годинава беше пробно пуштен во водите на Охридското Езеро.
Според архитектот Горан Патчев тие ја разгледуваат можноста со Комората на занаетчии да отпочнат да прават и да продаваат чунови – сувенири.
Публицитет.мк