• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Тајфата на Коки со нови проекти и идеи

декември 9, 2016
in Омнубус

„25 години, и повеќе, не се малку да си во оваа сфера на работа. Секој си креира свој пат и како годините доаѓаат така патот е се појасен и појасен. Од кога знам за себе ја сакам македонската чалгија и затоа со енергијата која ми ја дава помислата на Дуле и поддршката од моите соработници, од мојата тајфа, ќе продолжам да ја свирам оваа музика насекаде во Македонија, на свадби, на прослави, по медиуми, насекаде.“ истакна Коки за време на промоцијата.

 Никола Јанков, познат на сите како Коки од дуото Дуле и Коки, денес го промовираше новиот видео спот со својата Тајфа. Записот е снимен заедно со „Томато“ продукција. Во видеото Коки ја интерпретира „Слушам кај шумат шумите“ со вокал од Андријана Јаневска, и на гитара свири Ивица Јорданов.

 

 „25 години, и повеќе, не се малку да си во оваа сфера на работа. Секој си креира свој пат и како годините доаѓаат така патот е се појасен и појасен. Од кога знам за себе ја сакам македонската чалгија и затоа со енергијата која ми ја дава помислата на Дуле и поддршката од моите соработници, од мојата тајфа, ќе продолжам да ја свирам оваа музика насекаде во Македонија, на свадби, на прослави, по медиуми, насекаде.“ истакна Коки за време на промоцијата на спотот. Тој додаде дека планира повторно издавање на албум во текот на пролетта. Коки зборуваше и за деновите поминати со Дуле и пријателите навраќајќи се на наградата кои тие заедно ја добиле пред 20 години на Макфест. Според Коки мотивацијата од старите денови никогаш не го напуштила и затоа тој продолжува со создавањете на нов музички правец – македонски новоградски рокенрол со својата Тајфа.

Коки порача дека е вистинско уживање да се работи со Андријана Јаневска и Ивица Јорданов пофалувајќи ги за нивната професионалниост и вклученост. Воедно, Коки посочи дека за издавањето на албумот „Еден пат, еден живот“ одговорни беа Габијано продукција. Во однос на тоа што најмногу сака од животот Коки пред сите порача дека најголема пасија и цел му е да биде професор во музичкото училиште Илија Николовски – ЛУЈ на најдобрите идни виолинисти во Македонија и пошироко.

Публицитет.мк 

Посетеност: 121
Share
Previous Post

Тајфата на Коки со нови проекти и идеи

Next Post

Патронот со приредба го одбележа и ОУ „Св. Климент Охридски“

Next Post

Патронот со приредба го одбележа и ОУ „Св. Климент Охридски“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 121

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk