Тања ја пронајдовме сосема случајно во Трпејца, на бисерната плажа.
Таму, таа уживаше во боите и убавините на летото и опуштеноста заедно со ќерката Матилда. Како и секоја мајка и Тања се трудеше во се’ и со се’ да му угоди на девојчето кое со сите сетила го восприема светот и го открива во сите негови димензии.
Авторот на овие редови, Тања ја памети од нејзините почетоци од сцената „Долни сарај“ и фестивалот „Охридски трубадури“…
Во меѓувреме Тања Царовска, жената со глас на ангел од родниот Ресен успеа да ги премости бариерите и да влезе во неколку светски филмски проекти: „Троја’, „Страдањето на Исус“, па „Мајки“…
„ Во светот владеат други правила. Ако сте квалитетен, не е проблем тоа да ти го признаат и конкурентите и дури тие да те препорачаат да учествувате во некој нов проект, “ вели Тања
Скромна, одмерена ни призна дека ретко дава интервјуа , бидејќи мисли дека интервјуата и одземаат многу време.
Сепак, ни раскажа за средбите и успешните свои соработки со добитникот на „Оскар“ Џејмс Хорнер, Раде Шербеџија, нашите „Фолтин“ но и со Габриел Јаред, Џош Гробан.
„ Во светот владеат други правила. Ако сте квалитетен, не е проблем тоа да ти го признаат и конкурентите и дури тие да те препорачаат да учествувате во некој нов проект, “ вели Тања
Царовска, ни откри дека последнава година од нејзиниот Ресен, преку Скопје често патува до Лондон и пак се враќа тука, ни раскажа зошто сама себеси сега си е менаџер и ред други обично, необични нешта кои коинцидираат со нејзиниот немирен дух и потрагата по совршенството, особено во музиката и пеењето.
Додека го подготвува новиот соло проект, за кој воопшто не брза, македонската публика деновиве ќе ја види како специјален гостин и дел од проектот на нејзиниот пријател и колега Дуке Бојаџиев насловен „Сон, Верба, Љубов“ . На 7 август настапуваат во Битола на сцената Хераклеа, а две вечери подоцна на Антички во Охрид.
Со клик на линкот подолу слушнете го во целост интервјуто со Тања Царовска.
Автор: Милчо Јованоски / Публицитет.мк