Почитувани,
„Публиитет.мк“ ја замоли професорката по македонски јазик и литература во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ од Охрид како наш редовен читател и проследувач на нашиот Интернет портал да го направи својот омилен литературен избор.
На професорката Дурнева и благодариме за одвоеното време и соработката. Се надеваме дека нејзиниот избор ќе предизвика и други наши читатели да се вклучат во рубриката „Во потрага по трајната убавина“.
![tatjana copy](images/tatjana_copy.jpg)
Мои омилени поети се ,пред с’е , претставници на македонската поезија и тоа оние што ја создаваа современата македонска поезија-Блаже Конески, Ацо Шопов,Гане Тодоровски,Анте Поповски,Матеја Матевски ,Петре М. Андреевски и други,особено нивните песни од првиот период на нивното творење.Тоа се песни исполнети со многу чувства,со топлина,искрени,нежни…
„ Ако носиш нешто неизречено Кога ја љубев Дениција,
нешто што те притиска и пече, како да калемев светлина на мракот,
закопај го во длабока тишина како да топев снегови фатени во движење,
тишината сама ќе го рече.“ како да станував единствен сведок,
(Ацо Шопов ) за бакнежот меѓу металот и громот…
„Есенва е мирна ,просветлена сета. ( Петре М. Андреевски )
Човек сака негде далеку да шета.
Убавино,ти ме заморуваш веќе. Кога роси и дете кога си игра на улицата
И мајка од некаде кога го довикува
С`е ќе минам кое со возбуда мами. И златна јаболка во дворот кога се ниша
Има такви места каде што сме сами.
Убавино,ти ме заморуваш веќе. Излезете на молитва
За вечна да биде таа слика
Смирноста е мудра,страсноста е глупа.
Ќе седнам во паркот на некоја клупа. Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец
Убавино , ти ме заморуваш веќе.
И гледаш :
И долго ќе седам , со цигара в рака.
Вечерта што иде ќе ја чекам така. Веќе е есен и детето во тебе го нема
Убавино,ти ме заморуваш веќе.“ И пред тебе и сушата и лисјето венат
(Блаже Конески ) И ниту роси и кој знае каде е Магдалена…
(Анте Поповски )
-Од светската лирика омилени ми се стиховите на Александар С. Пушкин и Сергеј Есенин
Гиздавица била Тања , в село таква немало,
Со везена бела саја…С`е живо немеело.
Кон ендеците зад патот квечерум зафаќала.
Луната со облаците на оро се фаќала.
Дошол ерген , поклон сторил со русата кадрица:
„Прости либе , ќе се женам за друга убавица “.
Побледела како платно , ко роса утреница,
Косата `и намовнала ко ала-изедница.
„Ој ти , момче ,модрооко , нема да те навредам:
Дојдов , мило , да ти кажам-за друг ќе се посвршам“.
Ѕвон камбанен не се гласи;венчален се носи клик,
Рој од коли,ќум свадбарски,сватовите прчат лик.
Кукавици не се тоа-Тањините плач ги свил!
Врз лицето на Тањушка топуз траги оставил.
Венче крваво врз чело блиските `и спремиле,-
Гиздавица била Тања , в село таква немало.
(Сергеј Есенин)
-Освен задолжителната литература според наставната програма ,сакам да читам нови изданија , современа литература и тоа бестселери од автори од цел свет.Се трудам да дојдам до популарни наслови за кои дознавам од медиумите или од пријателите кои се исто така љубители на убавата литература .Ова лето прочитав неколку навистина интересни книги кои ги препорачувам и на другите:„Сонот“ и „ Топокршачот “ од Соња Смилевска , „ Девојката од Бондстил“ -Тања Јовановиќ, „Искинатиот вел “ -Естхер Ѓулшан , „ Молитвата на мојата мајка “-Нафиса Хаџи. Сега го читам романот „Заедно “ од Џоди Пико- авторка на бестселери на Њујорк тајмс. Прочитаниве дела се поетични романи за семејството,традицијата , низ нив се откриваат животни приказни за различни култури , вери ,замрсени политички случувања , неверојатни ситуации , автентични приказни за љубовта ,за лични драми , за судирот меѓу разни култури , а романите од Соња Смилевска се со содржина блиска до нас , случувањата се тука , во нашето опкружување и секојдневие.
-Им препорачувам на сите да читаат што повеќе.Благодетот од прочитаното е огромен.Не случајно е настаната изреката „Книгата е прозорец кон светот “.Според мене , треба да се прочита барем по нешто од класиците на светската литература-Толстој,Достоевски,Балзак и колку што се може да се чита она што н`е релаксира , но и го привлекува нашето внимание , па страниците „летаат“ пред нас , душевно н`е исполнуваат и збогатуваат .