Викендов во Софија се одржа 9 Hereya Open еден од најсилните три турнири во Олимписко Теквондо во регионов со учество на над 1100 натпреварувачи од 13 земји.
Хваранг Фист имаше свој претставник кој за прв пат се натпреваруваше во својата нова категорија борби Јуниори до 63 кг. Имено изминатиот викенд Василија Јовчески на државниот турнир во Скопје освои сребро во категорија до 59 кг. а овој пат на овој силен турнир ја промени својата категорија до 63 кг. и ни покажа дека и во таа категорија може да се носи со противниците од регионот.
Првата борба ја имаше со претставникот од Израел победувајќи со добра разлика за во втората борба со претставникот на Грција да победи со 24:4. Во полуфиналето се сретна со претставникот на Италија и со тесен резултат изгуби освојувајќи го бронзениот медал. Солиден настап на Василија ако знаеме дека за прв пат е во оваа категорија и дека пред самиот натпревар имаше висока температура.
Два успешни викенди за клубот Хваранг Фист со што покажа дека достојно стои рамо до рамо со клубовите од регионот, претставувајќи го Охрид како расадник на успешни натпреварувачи веќе 30 години во областа на Теквондото.
Публицитет.мк