Сите вие, горенаведените… Се добиват фпечаток дек со години наназад ко со душа да чекате на други “црвени линии” да дајте шо поголем простор. И успевате. Да ви е бравос и нишчо појќе.
Аку требит и ќе го продолжите дневникот…
аку требит, опопоо стрни ќе изнапечатите…
аку требит ќе платите, за интервју да дајте…
Изгледат дек за вас се важни “линиите” от сите други околу нас, с’мо не от Македонија и Македонците.
Се покажа и докажа дек ниедна Влада досега, ко и актуелнава, немала ниту линии ниту пак национална стратегија, па з’то и немате за шо да се фатите!?
Нашите црвени линии се зелени.
И два-три збора за “Бушавите Азбуки” – партиите… секоја от ниф стално е во право. Еднуш ко ќе е во позиција, друкпат ко ќе е во опозиција. И све така во круг. А држав(к)ава ни, под водство на било која актуелна власт, никако да тргнит напрет.
Упорно наназат. Во Европа.
Па к’ј сме ние??? На Кариби?
Скарани со географија!!!
Ај пак… во поново време го збогатија речникот нифни со уште еден збор – Унија, от која сите гледет како да излезет. А ние трчаме да се качиме на_брод кој от сите_стрни пуштат вода.
Ја ценам вашата објективност, професионалноста ваша, и заложбите да во исто време на народот во Вашата Држава – Вашата Земја им бидите шо поинтересни.
И покрај то шо така ве ценам, доминират чуството на чудење и сомнеж, случајно и вие дан сте под влијание на некојси “пообјективни” и “попрофесионални” структури, на кои им је важно да се слушнит гласот на демонстрантите во Солун и барањата нифни, да го слушниме нашиот екс-политикант кој “немислит дек требит референдум за прекрствејнето”, да го разбериме “неразбирајнето на Македонците от дијаспората” по разни основи на еден от нашите театарски работници кој ногу обеќаваше а ногу разочара.
Ај… за екс-политикант колку-толку е очекувано, ама уметник да се предајт на политиканство… то е жалосно.
Сите овие, вака одбрани, ко да имет за цел на народот наш, кој недвосмислено се поистоветвит со камила (шо појќе го товариш-то појќе носит) да го насочит како да мислит и како да се однесвит.
Се надевам ќе се испоставит дек не сум во право. Ќе покажит времево.
Ристо Ристе
Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите.
„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.
Публицитет.мк