Одиме во „Сирена“ или одиме кај Марјан- Маки во Трпејца е нешто што се слуша цели 15 години колку што постои прикзаната за оваа преубава тераса на дофат до синото езеро и бисерната плажа.
Со клик на линкот, слушнете го разговорот со марјан Митрески кој е задоволен од оваа сезона и вели дека од угостителство од овој вид може да се живее скромно, бидејќи тоа им е семеен бизнис.
Сопственикот Марјан Митрески секогаш љубезен, ведар и насмеан има збор и внимание речиси за секој гостин. Од Велигден па некогаш и до крајот на октомври „Сирена“ е сврталиште на сите познати и непознати фаци кои сааат спокој и воедно вкусна храна.
За сезоната, постојаните, гости, почетоците, анегдотите со Марјан разговаравме помеѓу две нарачки на ѓомлезе и риба печена под сач.
М.Јованоски, Публицитет.мк