Со фудбалскиот натпревар помеѓу српските екипи на ФК Радник од Лучане и ФК Младост од Сурдулица започнаа подготвителните фудбалски натпревари на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.
Во наредниот период Охрид и СРЦ Билјанини Извори ќе се домаќини на уште 7 фудбалски екипи од кои 3 се од нашиот сосед Србија ( ФК Спартак од Суботица, ФК Јавор од Ивањица и ФК Борац од Чачак ) и 4 од нашата држава и тоа ФК Ренова, ФК Металург, ФК Шкупи и ФК Тетекс.
Од година во година Охрид и СРЦ Билјанини Извори постанува центар за подготвување на фудбалските екипи како од Македонија така и од соседството.
Инвестициите во фудбалската инфраструктура после многу години се покажуваат како вистинско решение за идниот развој на ЈП „Билјанини Извори“ и спортскиот туризам.
Публицитет.мк