
ГФК Охрид Лихнидос – ФК Кораб 2-0 полувреме (1-0) Стрелци на головите Ајрадин Цуцули во 24 минута од пенал и Шериф Реџепи во 67 минута.
Охриѓани имаа успешен старт на натпреварите од Втората фудбалска лига тие сосема заслужено ја совладаа екипата на Кораб со 2 : 0 и со новите три бода моментално се втори на табелата.
Почетокот на првото полувреме воглавно помина во игра на средината од теренот за во 24 минута после оправдано досудениот пенал охриѓани со голот на Цуцули да дојдат во водство.
Второто полувреме помина во изразита надмоќност на домашните но и покрај повеќето шанси пред се’ на засилувањето Митев охриѓани дури во 67 минути од натпреварот со голот на Реџепи ја обезбедија првата пролетна победа.
Како што рековме ако охриѓани реализираа уште некоја шанса од повеќето победата ќе беше уште поубедлива

За тоа што со овој резултат заврши овој натпревар пред се’ се должи и на одличната одбрана на гостинскиот голман Незири кој ја спаси својата екипа од повисок пораз.
Во следното коло охриѓани гостуваат кај Тетекс.
И.Арсеноски, Охрид спорт
Публицитет.мк







