Новиот ТВ проект на познатиот Зоран Џорлев „По патот на песната“ што ќе почне да се прикажува на МТВ уште овој декември за првпат самостојно на ТВ ќе ја претстави тетка Филипина Момировска од Охрид.
Тетка Филипина влезе во деветтата деценија од животот но со многу оптимизам и елан зборува за својата дружба со пеењето започната уште веднаш по НОБ и ослободувањето во нејзиниот роден Охрид.
– Тогаш пеевме песни сврзани со херојските подвизи на партизаните и Тито, како и песни сврзани со обновата на земјата. Како гимназијалка пеев соло, но и во дует со Стефан Афтовски и ред други мои сограѓани. Настапував и во ансамблот „Охридски трубадури “ во пеачката група. Се’ така до деведесеттите кога почина мажот ми и јас се повлеков. Со песната продолжив по црковните хорови и денес не пропуштам пригода таму да запеам,ни рече тетка Филипина за Публицитете.мк .
Во кусото интервју пред нејзиното прво снимање за МТВ во Музејот Робевци ни откри како со Јован Поп Стефанија и останатите негови другари од „Билјана“ пееле на една вршачка , кај незјини роднини и како приказната е заокружена со нејзиниот настап во проектот на Џорлев.
Слушнете со клик на аудиото подолу:
Милчо Јованоски, Публицитет.мк