Дали е така и кај нас ќе дознаеме од нашето и ваше Hadji Tattoo and Piercing студио.
На таа тема разговараме со нашата Tattoo артистка која исто така е и пирсер и сопственичка на горе спомнатото студио.
-Дали во нашата држава и град има заинтересираност за тетовирање и пирсинг?
Најпрво здраво и ви благодарам што го одбравте нашето студио за да ви одговори на прашањата од модерниот свет. Можам да кажам дека во светот отсекогаш тетоважите и пирсингот биле мода или како што ние артистите кажуваме (начин на живот).Да, секако дека младите и во нашата земја веќе се почесто се тетовираат и пирсаат.Без оглед на тоа дека сме држава со предрасуди.
-Пирс или тетоважи?Што повеќе младите сакаат?
-Можам да кажам дека дефинитивно повеќе се тетовираат младите.Бидејќи навистина до пред неколку години беше малку постегнато на таа тема, па сега полека луѓето се опуштаат.
-Од што се плашат луѓето кои сакаат да стават нова тетоважа или пирс?
-Сакам да кажам дека скоро сите млади луѓе кои сакаат да стават тетоважа или пирс, а не го направиле тоа најмногу стравувале од тоа како ќе изреагираат луѓето,фамилијата и работодавецот на истите.Додека сега веќе мислам дека мора поинаку да се гледа на тие работи,бидејќи знаеме дека човекот не треба да се осудува според неговиот изглед и стил.Тоа е така за жал само кај нас.,Денеска е модерен свет и благодарение на интернетот и социјалните мрежи секој човек може да стигне до најновите трендови и тоа како живеат сите останати во целиот свет.За младите тие предрасуди повеќе не важат.
-Што им препорачувате на луѓето кои ќе се одлучат за пирс или тетоважа?
-Препорачувам да ги прават тие работи во професионални студиа за пирсинг и тетоважи кои имаат најсовремена опрема и кои ги следат и набавуваат најновите работи кои се светски признаени и продавани во цел свет.Тоа се препорачува поради сопствена заштита и заштита за нас артистите и секако хигиена.